
Македонска Каменица ќе биде домаќин на уште една празнична музичка вечер исполнета со радост, добра енергија и празнична атмосфера. На градскиот плоштад во сабота (27 декември) со почеток во 17 часот пред каменичани и гостите од регионот, ќе настапат Бумбари бенд и Елена Наумова, кои со својата музика ќе ја збогатат новогодишната магија и ќе приредат незаборавна вечер за сите генерации.
Настанот е одлична можност за заедничко празнично дружење, уживање во музиката и создавање убави спомени во пресрет на Новата година.
Ве очекуваме да ја споделиме празничната магија заедно! – порачуваат од КИЦ Романса.






