14/06/2026

Олимпијецот Дарио Ивановски со нов национален рекорд на 10 км во Мадрид

На престижната улична трка „San Silvestre Vallecana“ во Мадрид, македонскиот олимпијец Дарио Ивановски, освојувач на олимписка норма и учесник на последната Олимпијада во Париз, постави нов национален рекорд на 10 километри на пат, истрчувајќи ја делницата за фантастични 29:00 минути (нето време 28:59).

„Драга 2025, едвај чекав да завршиш и да те испратам што побрзо.“ напиша тој на својот Инстаграм.

Unknown

Срушена психолошката бариера

Ова е резултат за длабока почит и историски момент за македонската атлетика – првпат еден македонски натпреварувач ја спушта границата под 29 минути на оваа дисциплина. Со овој подвиг, Ивановски го подобри сопствениот рекорд од 29:56 минути, поставен во 2024 година во Гевгелија, што претставува напредок од речиси цела минута.

Во исклучително силна конкуренција, Дарио го освои одличното 17-то место, додека победата ја однесе кениската ѕвезда Џефри Камворор со време од 27:41 минути.