
Временска прогноза: Дожд, засилен ветер и снег во наредните денови
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен јужен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 7 до 11°C, додека максималните ќе достигнат од 11 до 14°C.
Скопје
Во главниот град времето ќе биде променливо облачно, со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 9°C, а максималната ќе достигне до 13°C.
Прогноза за наредните денови
Среда – Се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м²), особено попладне и во текот на ноќта. Во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен јужен ветер, со брзина над 60 км/ч.
Четврток – Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните региони се очекува формирање нова снежна покривка.
Петок – Се најавува преодно стабилизирање на времето.
Викенд – Повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.




