14/06/2026

Нуркачите од АМФОРА традиционално го запалија василичарскиот оган под вода во Охридското Езеро

И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА, традиционално кај Музејот на вода во Охрид, под вода го запалија василичарскиот оган, со што симболично ја најавија Старата нова година.

Со овој настан, нуркачите од АМФОРА им ја честитаат Старата нова година и празникот Василица на православните христијани, а воедно се вклучуваат во празничните активности на градот Охрид поврзани со претстојните верски празници Богојавление – Водици и Св. Јован Крстител, денот на рибарите.