14/06/2026

Видеото со елените ја разбуди јавноста: Како се грижи Галичица за над 200 единки

По големиот интерес во јавноста што го предизвика неодамна објавеното видео со елените, Националниот парк Галичица информира дека популацијата на елени во репродуктивниот центар, отворен во 2019 година, е зголемена од околу 30 на над 200 единки.

Од Паркот на својот фејбук профил објавија фотографии и појаснија дека грижата за елените е секојдневна и добро организирана.

615523198 1186825053617380 5872606026061513623 n e1768301902107