14/06/2026

Македонија сè уште во игра за главната фаза: тешки калкулации по ремито со Португалија

rakomet

По ремито во дуелот со Португалија, македонската ракометна репрезентација ги задржа шансите за пласман на второто место во групата, кое води во главната фаза на Европското првенство.

Веднаш по натпреварот започнаа калкулациите, а тие во моментов не ѝ одат во прилог на Македонија. Португалија има позитивна гол-разлика од 69:63, додека Македонија е со негативна гол-разлика од 53:65. Разликата во однос на Португалците изнесува 19 голови.

Тоа значи дека во третото коло Македонија најпрво ќе мора убедливо да ја совлада Романија, на пример со шест гола разлика, на натпреварот кој се игра во вторник со почеток од 18 часот. Потоа, македонските надежи ќе бидат насочени кон Данска, која ќе треба да ја победи Португалија со дури 13 голови разлика.

Сценариото делува како невозможна мисија, но во ракометот и во спортот ништо не е однапред решено. Македонија сè уште има право да се надева и да сонува за пласман во главната фаза на Европското првенство 2026.