Македонската фудбалска репрезентација би можела да заработи најмалку девет милиони долари доколку избори историски пласман на Светското првенство 2026 Македонија во САД, Мексико и Канада, според распределбата на наградниот фонд од 558 милиони евра што ја објави ФИФА.
Самото учество носи 7,6 милиони евра, плус дополнителни 1,4 милиони за подготовките. За пласманот на мундијалот, Македонија ќе мора најпрво да ја совлада Данска во Копенхаген, а потоа и подобриот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка.
Во случај на пласман, Македонија во групната фаза ќе игра против Мексико, Јужна Кореја и Јужноафриканската Република.






