14/06/2026

Студено утро, сончев и стабилен ден низ Македонија

weather station 5580 1280

Денеска изутрина времето ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и слаб ветер од североисток.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури се движат од минус 10 степени во Берово до 1 степен во Дојран. Максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 1 степен во Крушево до 6 степени во Дојран.

Во Скопје и околината утринската температура ќе се спушти до околу –4 степени, додека преку денот ќе достигне до околу 6 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните делови се очекуваат локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.