14/06/2026

Претрес во домот на жител од Тодоровци – пронајдена ловечка пушка и 155 патрони

На 26 јануари, полициски службеници по наредба на Основен суд Делчево извршија претрес во домот и гаражата на 30-годишниот В.М. од село Тодоровци, Општина М.Каменица. При претресот била пронајдена ловечка пушка „Црвена Застава“ и 7 кутии со вкупно 155 патрони. Јавниот обвинител е известен, а против В.М. ќе следи соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Панорама на Тодоровци
Слика: Википедија