Голем дел од Македонска Каменица во понеделник, 17 август, привремено ќе остане без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
Според известувањето од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, прекинот е планиран во периодот од 09:15 до 11:30 часот.

Без електрична енергија ќе останат:
- голем дел од градот Македонска Каменица;
- дел од Павлиш Дол;
- Сепарација Дар Мар;
- ХЕЦ Каменичка Река.
Од Електродистрибуција информираат дека прекинот е поради планирани технички зафати на 10 kV далековод.
Снабдувањето со електрична енергија е предвидено повторно да биде воспоставено по завршувањето на планираните активности.






