14/06/2026

Дали сте знаеле? Дизајнот на овие бисквити крие симболика, а од нив се прави највиралниот чизкејк

Деновиве речиси и да нема активен корисник на социјалните мрежи што не налетал на виралниот јапонски чизкејк од само две состојки. Брз, едноставен и без печење, овој десерт се подготвува за неколку минути и освојува со креместа текстура и минимален труд.

За подготовка потребни се само густ грчки јогурт и бисквити. Колку јогуртот има поголем процент на масти, толку вкусот е побогат и поблизок до вистински чизкејк. Бисквитите се потопуваат во јогуртот и се оставаат во фрижидер најмалку 2–3 часа, а за најдобра текстура – и преку ноќ.

Најчесто се користат Petit-Beurre бисквити, препознатливи по својот едноставен вкус и долга традиција. Создадени се во 1886 година во францускиот град Нант од Луј Лефевр за компанијата „LU“, а нивното име значи „мал путер“.

Нивниот дизајн крие и симболика: правоаголната форма го претставува календарот – четири агли за годишните времиња, 52 назабени рабови за неделите и 24 дупчиња за часовите во денот. Токму таа едноставност ги прави совршена основа за овој модерен, вирален десерт.

screenshot 2026 01 23 203132