14/06/2026

Ладен викенд со ветер од север и локален снег на повисоките места

weather station 5580 1280

Под влијание на ладна воздушна маса од север, викендов во Македонија ќе преовладува релативно ладно и променливо време со сончеви периоди, но и со повремено засилен ветер од северен правец.

На одделни места ќе има услови за провејување на снег, особено во повисоките населени места, на планините и на скијачките центри.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а повремено ќе дува засилен северен ветер.

Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и ќе се движат во интервал од -6 до 2 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 2 до 10 степени.

Поради засилениот ветер и пониските температури, се препорачува особено во утринските и вечерните часови да се носи потопла облека и да се внимава на можната појава на голомразица во повисоките и осојничавите предели.