Манифестацијата „Бабина Баница 2026“, која требаше да се одржи на 26 јули 2026 година во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, е одложена.
Како што информираат од Здружението, одлуката е донесена поради најавените екстремно високи температури, со цел да се заштитат здравјето и безбедноста на сите учесници и посетители, како и манифестацијата да се реализира во посоодветни услови.

Од Здружението наведуваат дека „Бабина Баница 2026“ ќе се одржи во текот на септември, а точниот датум ќе биде дополнително соопштен.
Во известувањето упатуваат благодарност до сите граѓани за разбирањето, поддршката и довербата, изразувајќи надеж дека традиционалниот собир наскоро ќе продолжи во пријатна и безбедна атмосфера.






