13/10/2026

Угостителските објекти во Македонска Каменица ќе имаат продолжено работно време за време на трите вечери од „Каменичко културно лето“.

Советот на Општина Македонска Каменица на 14-тата седница, одржана на 26 август 2026 година, донесе Одлука со која се дава согласност за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на општината.

Според Одлуката, на 26, 27 и 28 август работното време на угостителските објекти се продолжува за два часа.

Одлука за продолжено работно време на угостителските објекти во Македонска Каменица

Одлуката е поврзана со одржувањето на манифестацијата „Каменичко културно лето“ и Годишната програма за култура за 2026 година донесена од КИЦ „Романса Македонска Каменица“.

„За време на одржување на манифестацијата ‘Каменичко културно лето’, односно на 26-ти, 27-ми и 28-ми август, работното време на угостителските објекти се продолжува за два часа“, стои во Одлуката.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица“.