
Времето во недела, 18 декември, ќе биде променливо облачно, со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималните утрински температури ќе се спуштаат до -6 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 7 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаб североисточен ветер. Температурите ќе се движат во интервал од -3 до 5 степени.
Во понеделник и вторник преку денот се очекува стабилно и суво време. Сепак, во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, повторно следува промена со нови врнежи, кои на повеќето места ќе бидат претежно од снег.



