14/06/2026

Општина Македонска Каменица утре со организирана акција за заловување на бездомни кучиња

grb makedonska kamenica bela pozadina

Општина Македонска Каменица ја информира јавноста дека во текот на утрешниот ден, со почеток во 8:30 часот, ќе биде спроведена организирана акција за заловување на бездомни кучиња на територијата на општината.

Активноста ќе ја реализира овластената фирма Друштво за услуги „ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА“ ДООЕЛ Виница, согласно важечките законски прописи и стандарди за хумано постапување со животните.

За спроведување и координација на активностите од страна на Општина Македонска Каменица е задолжен Мартин Анастасовски, на чиј телефонски број граѓаните можат директно да пријавуваат појава на бездомни кучиња:
📞 070 298 144

Општината апелира до граѓаните за соработка и разбирање, со цел унапредување на јавната безбедност и обезбедување хумано и одговорно постапување со животните.