14/06/2026

Во петок нов влажен бран од Медитеранот – дожд во пониските, снег на планините

drops of rain on glass 838815210 5a823cc0a18d9e0036e325e2

Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок (20 февруари 2026), особено во претпладневните часови, под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот, во Македонија ќе има нови врнежи од дожд. На планините и на повисоките места над 1000 метри надморска височина, особено во западните предели, врнежите ќе бидат од снег, што ќе придонесе за зголемување на снежната покривка на планините и на скијачките центри.

Пообилни врнежи повторно се очекуваат во западните делови од земјата, каде локално ќе наврнат од 20 до 25 литри воден талог на метар квадратен. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и југоисточен правец.

И во Скопје и околината во наведениот период ќе има врнежи од дожд, проследени со повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Во петок попладне врнежите постепено ќе престануваат, а дневните температури ќе се движат од 2 до 9 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе достигне околу 6 степени.