
Вчера (04.04.2026) околу 15:00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Каменичка“ и „Александар Македонски“ се случила сообраќајна несреќа.
Според информациите, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К. (66) од Скопје, удрило во бетонски столб.
Во несреќата, сопатникот Ј.Н. (66) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и уште еден сопатник Д.Н. (68) од Скопје се здобиле со телесни повреди.
Повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што им биле констатирани повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициското одделение Македонска Каменица.






