14/06/2026

Тара Димитровска со нова комедија „Шшш… нека остане меѓу нас“ во Македонска Каменица

tara pretstava

Македонска Каменица добива нова театарска приказна, овојпат во знакот на хуморот и препознатливите локални муабети. Автор и режисер на претставата „Шшш… нека остане меѓу нас“ е Тара Димитровска, која преку ова дело носи комедија инспирирана од секојдневието и животот во малата средина.

Претставата на духовит начин ја прикажува динамиката на „муабетите“ – како од балкон на балкон, од дуќан на дуќан, од едно „шшш“ до друго „немој никому“, приказните брзо се шират и стануваат дел од секојдневието на граѓаните.

Особено внимание привлекува фактот што во претставата, по покана на Тара Димитровска Стаменковска, ќе учествуваат и четири врвни и добро познати македонски актери: Кирил Трајковски – Максим, Благој Чоревски – Чоре, Ирена Илиевска и Владо Дојчиноски, што дополнително ја збогатува актерската екипа и ја подигнува вредноста на самата изведба.

На сцената ќе настапат и повеќе актери од Македонска Каменица, кои ќе донесат автентична енергија и препознатлив локален дух, правејќи ја оваа претстава блиска до публиката.

Премиерата е закажана за 23 мај, додека втората изведба ќе се одржи на 24 мај со почеток во 19:00 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица.

Станува збор за комедија која зборува „за нас, за сите, од нас“ – вечер исполнета со смеа, препознавање и добра атмосфера.