14/06/2026

„Приказните на Далматинко“ ја воодушевија детската публика во Македонска Каменица – две успешни изведби во Домот на културата

sase 1

Новата детска хит претстава „Приказните на Далматинко“ во изведба на Театар Хит донесе многу насмевки, радост и силни пораки за најмладите во Македонска Каменица.

Во салата на Домот на културата, а во организација на КИЦ „Романса“, беа реализирани две успешни изведби кои ја воодушевија детската публика. Децата уживаа во дружењето со главниот лик Далматинко и неговото другарче Зајче Трајче, исполнето со хумор, песна, интеракција и едукативни содржини.

a3e20b86 0261 498d b71a 114b2c9e70df

Претставата испрати низа важни пораки до најмладите – дека другарството е најважно, да се читаат повеќе книги, помалку време да се поминува на мобилни телефони, да се сака и чува природата, да се почитуваат животните и секогаш да се помага на другите.

Авторот, режисер и актер во главната улога, Сашо Ристовски, истакна дека „Приказните на Далматинко“ е оригинална претстава со посебен актерски и визуелен пристап, создадена да биде блиска до детската публика и да понуди силна едукативна и педагошка вредност.

Тој најави дека со оваа претстава започнуваат и нови активности во рамки на проектот „Летен театарски караван – среќни деца, среќна општина 2026“, кој ќе се реализира во соработка со повеќе општини низ државата, во продукција на Театар Хит Скопје.

65c95041 2581 45f1 94a7 8e7f0d36d24f