13/08/2026

Општина Македонска Каменица ги повикува граѓаните да го пополнат прашалникот за Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП)

grb makedonska kamenica bela pozadina

Општина Македонска Каменица упати јавен повик до граѓаните да се вклучат во изработката на Акцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП) преку пополнување на анонимен прашалник.
Од Општината информираат дека СЕКАП е стратешки документ кој има за цел да придонесе за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на користењето на обновливи извори на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и зајакнување на отпорноста на општината кон климатските промени.
Со пополнување на прашалникот, граѓаните ќе имаат можност да ги споделат своите мислења, предлози и искуства поврзани со енергетиката, животната средина, транспортот и климатските промени. Добиените информации ќе бидат искористени при дефинирањето на мерките и активностите што ќе бидат дел од Акцискиот план.
Анкетата е целосно анонимна, а податоците ќе се користат исклучиво за потребите на изработката на СЕКАП.
📝 Прашалникот е достапен на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeNabNpOUlbKOIOFz1Jb2DwLSj_m9tiMhe1JOOs9L4ZZd6e_w/viewform?usp=sharing&ouid=114252372590043914979⁠
Од Општина Македонска Каменица ги повикуваат сите граѓани да одвојат неколку минути и да дадат свој придонес во креирањето на поодржлива, енергетски ефикасна и климатски отпорна локална заедница.