
Во заедничка акција на полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица, приведени се две лица, кај кои била пронајдена бела прашкаста материја.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 9 јули 2026 година, околу 23:55 часот, на влезот во селото Истибања, виничко, биле лишени од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани.
При преглед на патничко возило „Субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., во кое како сопатник се наоѓал и А.Л., полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.




