14/06/2026

Најнискa утринскa температурa измеренa на Истокот

Најниска утринска температура од -4 степени е измерена во Берово и Виница, соопшти УХМР. Минусни температури се регистрирани и во Крива Паланка (-3), како и -1 степен во Прилеп, Струмица, Тетово и Mаврови Анови.

Нула степени се измерени во Штип и Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија и Велес, 2 степена во Охрид, Kрушево и Гевгелија, 3 степени во Претор.

Денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла, и слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде од 4 до 12 степени