
Македонска Каменица продолжува во празничен ритам со уште една музичка вечер под отворено небо. На 28 декември 2025 година, на Градскиот плоштад, љубителите на добрата музика ќе имаат можност да уживаат во настапот на ESCAPE BAND, кој ветува одлична атмосфера, енергија и празнично расположение.
Настанот започнува во 18:00 часот и е наменет за сите генерации. Организаторите најавуваат вечер исполнета со ритам, емоции и забава, идеална за дружење и заедничко одбележување на празниците.
Граѓаните се поканети да бидат дел од празничната магија и да уживаат во квалитетна музика и позитивна атмосфера на градскиот плоштад во Македонска Каменица.






