14/06/2026

Македонија против Данска – билетите за историскиот натпревар се веќе достапни

Македонската А репрезентација ќе го игра својот клучен натпревар за пласман на Светското Првенство 2026 против Данска на 26 март, на легендарниот стадион „Паркен“ во Копенхаген.

ффм 1

Фудбалската федерација на Данска обезбеди специјални блокови и цени за нашите навивачи:

  • Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта, Цена: 3.650 денари
  • Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски колички, Цена: 3.650 денари

Навивачите можат да ги купат билетите директно преку платформата на ФФМ на eticket.ffm.mk.

По завршување на купувањето, секој ќе добие потврда преку е-пошта, врз основа на која ќе биде издаден официјалниот билет. Електронските билети ќе пристигнат 14 дена пред натпреварот, за сите навивачи безбедно да ги преземат и да се подготват за поддршка на националниот тим.

Ова е уникатна шанса за македонските навивачи да бидат дел од историјата и да го бодрат тимот во еден од најважните натпревари за пласман на Светското Првенство.