Општина Македонска Каменица објави јавен повик за лица со попреченост и семејства на лица со попреченост кои живеат на територијата на општината, за доставување барање за финансиска помош од општинскиот Буџет за 2026 година.
Согласно објавениот повик, заинтересираните лица за остварување на финансиската помош треба да достават барање за остварување право на еднократна парична помош со изјава за користење лични податоци, како и соодветна придружна документација.

Меѓу потребните документи се фотокопија од важечка лична карта, фотокопија од извод од матичната книга на родени, односно венчани како доказ за сродство, соодветни наоди и мислења за видот и степенот на попреченост, медицинска документација и фотокопија од трансакциска сметка.
Јавниот повик се однесува на лица жители на Општина Македонска Каменица.
Документацијата може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица, соба бр. 1, или електронски на адресата opstina@makedonskakamenica.gov.mk.
Рокот за доставување е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Јавниот повик е објавен на 28 септември 2026 година.






