13/10/2026

Општина Македонска Каменица објави Јавен повик до семејствата со деца кои за прв пат се запишани во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, за доделување еднократна парична помош за учебната 2026/2027 година.

За остварување на правото, семејствата треба да достават барање до Општина Македонска Каменица, заедно со потврда во оригинал за запишан ученик во прво одделение, издадена и заверена од училиштето.

Јавен повик за парична помош за првоодделенци во Македонска Каменица

Потребни се и фотокопија од извод од матичната книга на родени за детето-прваче, фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите или старателите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Македонска Каменица, како и фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител или старател.

Документацијата може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица, соба бр.1, или електронски на opstina@makedonskakamenica.gov.mk.

Рокот за доставување на барањата е 7 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

Овде можете да го симнете барањето.