Во петок, 25 септември, во Македонска Каменица ќе се слушнат сирените од системот за тревожење на Рудник САСА.
Според известувањето, Рудник САСА ќе спроведе редовно тестирање на системот за тревожење, кој е наменет за навремено предупредување и заштита на населението во случај на природни или други непогоди.
Тестирањето ќе се одвива од 12:00 до 12:30 часот, при што краткотрајно ќе бидат вклучени сите сирени распоредени во индустрискиот круг на рудникот.

Станува збор исклучиво за тестирање на функционалноста на системот, кое се спроведува согласно законската регулатива.
Целта е да се провери исправноста на системот и да се обезбеди негова целосна функционалност во случај на реална потреба.
Граѓаните нема потреба да се вознемируваат доколку во наведениот период го слушнат звукот на сирените.






