14/06/2026

Известување: Топлотните пумпи во „Куќата на спортот“ повторно во функција

ЈП Камена река информира дека во објектот „Куќата на спортот“ се изврши сервисирање и поправка на топлотните пумпи за греење и ладење.

Со завршувањето на интервенцијата, системот повторно функционира нормално, обезбедувајќи стабилна и комфорна температура во сите простории. Ова создава подобри услови за спортистите и посетителите, овозможувајќи непречено одвивање на сите активности.