
Денес, со почеток од 18:00 часот, на градскиот плоштад во Македонска Каменица, ќе се одржи кршење на василичарското лепче со паричка.
Настанот е планиран пред музичкиот настап на Антониа Гиговска, кој започнува од 19:00 часот, а среќниот добитник на паричката ќе добие златник, кој ќе биде доделен од градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
Ги покануваме сите граѓани да бидат дел од настанот и заедно да ја споделиме празничната атмосфера.






