Позната е комплетната програма за „Каменичко културно лето 2026“, кое од 26 до 28 август ќе донесе три вечери со музика, култура и забава на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
Програмата започнува во среда, 26 август, во 19:00 часот со детскиот фестивал „Ѕвездички“. Од 20:00 часот ќе настапат културно-уметнички друштва, во 21:00 часот следува настапот на Бојан Илиевски, а од 22:30 часот на сцената ќе биде Тајзи. Вечерта ќе продолжи со DJ-програма од полноќ.

На 27 август програмата започнува во 19:00 часот со детската претстава „Жижи“. Филип Александровски со бенд ќе настапи од 20:00 часот, додека концертот на Мирза Селимовиќ е закажан за 22:00 часот. Од полноќ е предвидена DJ-програма.
Последната вечер, 28 август, започнува во 19:00 часот со детската претстава „Биби и Боби“. Бендот BLUE ќе настапи од 20:00 часот, а Ацо Пејовиќ ќе го започне својот концерт во 22:00 часот. Тридневната програма ќе заврши со DJ-програма од полноќ.
Целата програма на „Каменичко културно лето 2026“ ќе се одржува на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.
Организаторот го задржува правото за промена на програмата.






