14/06/2026

Ракометарите пристигнаа во Винтертур – утре стартува „Жолтиот куп“

Македонската машка ракометна репрезентација денеска отпатува за Швајцарија, каде од утре ќе го започне настапот на подготвителниот турнир „Жолтиот куп“, кој е дел од подготовките за претстојното Европско првенство.

По вчерашниот слободен ден, селекторот Кире Лазаров и неговите избраници на Божиќ пристигнаа во швајцарскиот град Винтертур, каде во наредните три дена ќе ги одмерат силите со селекциите на Бахреин, Швајцарија и Украина.

stoilov lazarov avion

Нашите најдобри ракометари денеска ќе го одработат и првиот тренинг, закажан за 18:00 часот, кој ќе послужи за запознавање со салата во која ќе се играат сите натпревари од турнирот.

Турнирот официјално започнува утре, кога од 18:00 часот ќе се сретнат репрезентациите на Швајцарија и Украина, додека Македонија својот прв настап ќе го има против Бахреин, со почеток од 20:30 часот.

📅 Распоред на натпреварите на Македонија:

  • 🟡 Четврток (утре) – Македонија 🆚 Бахреин | ⏰ 20:30
  • 🟡 Петок – Македонија 🆚 Украина | ⏰ 17:45
  • 🟡 Сабота – Македонија 🆚 Швајцарија | ⏰ 18:00

Настапот на „Жолтиот куп“ ќе биде одлична можност за стручниот штаб да ја тестира формата на репрезентацијата и да ги воигрува тактичките замисли пред најважните предизвици што следуваат.