
Врнежливото и ветровито време, поради влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европскиот континент, продолжува и во следните денови.
Поради продор на значително поладен воздух од север, во четврток, 8 јануари 2026 (Втор ден Божик), врнежите од дожд ќе преминат во снег на повисоките населени места и планините. Во западна Македонија, снежната покривка ќе се формира и во пониските места, каде се очекува:
❄️ 10 до 15 см снег, локално и над 20 см на повисоките и планинските предели.
❄️ 5 до 10 см снег во дел од пониските места (градови).
Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен, југозападен и западен правец, а подоцна и од северен и северозападен правец. Температурите од четврток значително ќе опаднат и повторно ќе бидат типично зимски.
Во Скопје и околината, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини, во четврток се очекуваат послаби врнежи од снег, проследени со повремено засилен северен ветер.
Многу поладно време ќе трае и во наредните денови, со дневни температури:
🌡️ 0 до 7°C, а во Скопје до околу 3-4°C.
Особено студено утро се очекува во петок, 9 јануари 2026, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот:
🌡️ -10 до -1°C, а во повисоките населени места и планински предели температурата може да падне и под -10°C.
По овие ниски температури, се очекува повторна појава на голомразица, па се препорачува внимателност при движење и на отворено.




