
Во текот на оваа седмица во Македонија ќе преовладува стабилно, суво и релативно топло време со многу сончеви периоди.
Ќе бидеме под влијание на стабилна воздушна маса од југ, што ќе придонесе за повисоки дневни температури од вообичаените за овој период од годината. Максималните температури во текот на денот ќе се движат од 13 до 20 степени.
Сепак, утринските часови ќе бидат значително постудени. На повеќе места температурите ќе се спуштаат неколку степени под нулата, при што ќе има појава на слаб мраз и слана.
Во Скопје и околината утринската температура ќе се спушта до околу 0 степени, додека преку ден ќе достигнува до околу 18 степени.
Метеоролозите предупредуваат дека и во наредните денови ќе има голема разлика помеѓу минималните утрински и максималните дневни температури. Додека утрата ќе наликуваат на зимски, преку ден ќе преовладува вистинско пролетно време.
Токму овие температурни разлики може негативно да се одразат кај метеопатите, кај кои се можни поизразени здравствени тегоби.



