14/06/2026

Заладување и врнежи до петок: Дожд во градовите, снег на планините

ritae anemometer 3977718

До петок претпладне (20 март 2026), времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени слаби локални врнежи. Во пониските места (градовите) врнежите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Поради продор на постудена воздушна маса од север, снежната граница повремено ќе се спушта до околу, па и под 1000 метри надморска височина. Ова ќе услови појава на слаби врнежи од дожд и снег, или влажен снег, и во некои повисоки населени места.

Во Скопје и околината, во наведениот период, времето ќе биде претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд, додека на околните планини повремено ќе провејува снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер, повремено и локално засилен, од источен и североисточен правец, а во петок (20 март) ветерот ќе биде од северен правец.

Температурите значително ќе опаднат. Утринските температури ќе се движат во интервал од -3 до 6 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината, утринската температура ќе се спушта до околу 5 степени, а дневната ќе достигнува околу 13 до 14 степени.