14/06/2026

Stand up comedy со Бојан Велевски во Македонска Каменица на 16 април

668462770 122126806413088458 2797455529273275801 n

На 16 април 2026 година (четврток), во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одржи stand up comedy настап на Бојан Велевски, во организација на КИЦ „Романса“.

Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со хумор и одлична забава, со еден од најпознатите stand up комичари во регионот.

Настанот започнува во 20:00 часот, а влезот е со билети по цена од 250 денари во предпродажба и 300 денари на врата.

Настанот е наменет за публика над 16 години, а бројот на места е ограничен. Се препорачува навремена резервација.