14/06/2026

Три лица биле приведени во Македонска Каменица по физичка пресметка во угостителски објект – измерени високи нивоа на алкохол

mvr apsenje

На 11.04.2026 година во 01:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица ги привеле три лица – В.М. (28), М.М. (42) и М.А. (34), сите од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во градот го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

При извршен алкотест било констатирано дека М.М. имал 2,25 промили алкохол во крвта, В.М. – 1,65 промили, а М.А. – 1,18 промили.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.