16/06/2026

Возач од Македонска Каменица лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол

FB IMG 1766930823249

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на државата лишиле од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

Меѓу нив е и возач од Македонска Каменица, кој бил лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без возачка дозвола, ниту под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.