14/06/2026

Дел од атмосферата на кршењето на василичарското лепче во Македонска Каменица – паричката кај Методи Стаменов

Во празнична атмосфера, денес во Македонска Каменица се одржа традиционалното кршење на василичарското лепче, настан кој ги собра граѓаните во духот на заедништво, радост и надеж за успешна година.

Присутните имаа можност да ја почувствуваат празничната атмосфера, а среќната паричка годинава се падна кај Методи Стаменов, кој го доби и претходно најавениот златник, со бројни честитки и желби за здравје и среќа во текот на годината.

Градоначалничката на Македонска Каменица во својата изјава истакна дека ваквите настани имаат посебно значење за заедницата:
„Се надевам дека овој убав настан ќе прерасне во традиција која ќе носи среќа, здравје и благосостојба во сите домови во Македонска Каменица.“

Настанот помина во пријатна атмосфера, со порака за негување на обичаите и зачувување на културното наследство на градот.

Фото-галерија: