
На 19.01.2026 година во 14:36 часот, на ул. „14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.М. (59) од село Моштица, општина Македонска Каменица.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, управувано од М.М. По преземени мерки било констатирано дека возачот бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,13 промили алкохол во крвта.
Лицето веднаш било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


