
Под влијание на циклонска активност која од Џеновскиот залив постепено се преместува кон Јонското Море и јужниот Јадран, денес четврток (29 јануари 2026) и во текот на ноќта кон петок (30 јануари 2026), во Македонија ќе има нов бран на врнежи.
На повеќе места се очекува дожд во градовите, додека на планините над 1200–1300 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Локално, во овој влажен бран може да наврнат и до 15 литри воден талог на метар квадратен.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.
🌧️ Времето во Скопје
Во Скопје и околината се очекува повремен дожд со слаб до умерен интензитет, а на околните повисоки планини ќе провејува снег. Ветерот ќе биде слаб до умерен од северен правец.
🌡️ Температури
Денес, температурите ќе се искачуваат од 3 до 11 степени, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 6 степени.






