Во организација на КИЦ „Романса“, Македонска Каменица оваа година ќе живее во духот на музиката и заедништвото преку манифестацијата „Мајски мозаик 2026“.
На 24 мај, градскиот плоштад ќе биде местото каде граѓаните и посетителите ќе уживаат во прекрасна музичка вечер исполнета со емоции, добра атмосфера и незаборавни моменти.

Како дел од програмата, пред публиката ќе настапи Филип Александровски, кој со својот музички настап ќе придонесе за уште една вечер за паметење во Македонска Каменица.
Настанот ќе започне во 20:30 часот на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, а од КИЦ „Романса“ најавуваат богата атмосфера, музика и дружење под отворено небо.
„Мајски мозаик“ има за цел да ја продолжи традицијата на мајските прослави во градот и повторно да создаде настани кои ги обединуваат сите генерации.
„Наш град. Наша традиција.“ – пораката која оваа година ќе ја одбележи манифестацијата.






