13/08/2026

Пијана возачка приведена во Македонска Каменица – возела со 1,77 промили алкохол во крвта

FB IMG 1766930823249

Рано утринава, околу 03:33 часот, полициски службеници на улицата „Каменичка“ во Македонска Каменица запреле патничко возило „БМВ“ со регистарски ознаки од Делчево.
При извршената контрола било утврдено дека возилото го управувала 33-годишната Н.А. од делчевско, кај која со алкотест биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта.
Поради утврдената алкохолизираност, возачката била лишена од слобода и задржана во Полициското одделение Македонска Каменица, додека возилото било одземено. За случајот бил известен надлежен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против 33-годишната ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, согласно законските прописи.