13/08/2026

Малолетник физички нападнат во Македонска Каменица, случајот пријавен во полиција

Малолетник бил физички нападнат во Македонска Каменица, информира Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен.

Полициско одделение во Македонска Каменица

Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година, во 22:20 часот, во Полициското одделение во Македонска Каменица, 39-годишната К.Ч. од селото Моштица пријавила дека околу 21:30 часот во градот нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. По неговото документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.