Селекторот Кирил Лазаров го објави конечниот список од 21 ракометар за претстојното Европско првенство. Единствено отсуство е кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој се опоравува од повреда, а неговото место го зазема младиот Самоил Ристевски од Еурофарм Пелистер.
Само еден интернационалец е на списокот – голманот Мартин Томовски, додека сите останати играчи настапуваат за македонски клубови.


Македонија ќе се натпреварува во групата Б во Хернинг, против Данска, Романија и Португалија. Двете најдобропласирани селекции продолжуваат во следната фаза.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 22 декември.
Извор: https://www.gol.mk/rakomet/poznati-iminja-vo-spisokot-na-lazarov-za-ep-debi-na-mladiot-as-na-eurofarm-pelister





