14/06/2026

Вечерва кршење на василичарското лепче во Македонска Каменица – златник за среќниот добитник

e0ba666d e5f2 414d 85f9 5b68182b6f36

Денес, со почеток од 18:00 часот, на градскиот плоштад во Македонска Каменица, ќе се одржи кршење на василичарското лепче со паричка.

Настанот е планиран пред музичкиот настап на Антониа Гиговска, кој започнува од 19:00 часот, а среќниот добитник на паричката ќе добие златник, кој ќе биде доделен од градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Ги покануваме сите граѓани да бидат дел од настанот и заедно да ја споделиме празничната атмосфера.