
За големиот христијански празник Богојавление (Водици), територијата на Македонија ќе биде под влијание на ладна воздушна маса од исток и североисток.
Во вакви услови се очекуваат ниски температури на воздухот и појава на мразеви, особено во утринските часови, кога температурите ќе се спуштаат во интервал од -10 до 0 степени.
Ладно ќе биде и преку денот на 19 јануари, кога дневните температури ќе се искачуваат во интервал од -3 до 8 степени.
Во Скопје и околината, за Водици утринската температура ќе се спушти до околу -5 степени, додека во текот на денот ќе достигне до околу 5 степени.
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а локално е можна појава на слабо провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.





