14/06/2026

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА МОЌЕН ЦИКЛОН: Следуваат поројни дождови и силен ветер

raindrop 6544618 1280

Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова, во Македонија во понеделник (26 јануари 2026) ќе преовладува облачно и врнежливо време. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи од дожд, а во источните предели повремено поројни, проследени со грмежи и силен јужен и југоисточен ветер, со брзина и над 60 км/час. Локално е можна појава и на невреме.

Поради продор на поладен воздух од север, кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во Повардарието, ќе дува засилен северен ветер.
На планините над 1200–1300 метри ќе има врнежи од снег, со зголемување и проширување на снежната покривка.

⛈️ Скопје и околина

Во Скопје и Скопската котлина се очекуваат врнежи од дожд, повремено пообилни, со засилен јужен и југоисточен ветер, кој подоцна ќе го промени правецот во северен. Во одредени делови од котлината ветерот може да достигне над 60 км/час.

🌡️ Температури

  • Утрински: од 2 до 10°C
  • Дневни: од 4 до 11°C
  • Скопје: утро околу 6°C, дневна до 9°C

⚠️ Предупредување:
Поради очекуваните обилни врнежи, постои зголемен ризик од пораст на водостоите на реките и езерата, како и опасност од локални поплави во текот на новата седмица.