Успешно заврши аудицијата за новата театарска претстава што во 2026 година ќе се реализира под режија на Тара Димитровска Стаменковска во Македонска Каменица. Интересот беше голем, а по завршената селекција, официјално се објавени избраните учесници кои ќе бидат дел од проектот.
✨ Избрани учесници од аудицијата:
- Леон Маринковски
- Јана Димитровска
- Емили Спасевска
- Константин Стоименовски
- Кире Трајчов
- Ерика Соколовска
- Тамара Стоименовска
📢 Сите избрани учесници ќе бидат навремено контактирани со дополнителни информации поврзани со пробите и понатамошните активности.
Проектот претставува враќање на Тара Димитровска Стаменковска на драмската сцена во Македонска Каменица по подолг период пауза. Станува збор за театарска продукција инспирирана од секојдневниот живот, менталитетот и реалните приказни од нашето опкружување, со силна емоција и препознатлива порака.

Во претставата, по покана на режисерката, ќе учествуваат и четири врвни и добро познати македонски актери:
🎭 Кирил Трајковски – Максим
🎭 Благој Чоревски – Чоре
🎭 Ирена Илиевска
🎭 Владо Дојчиноски
Проектот се реализира во соработка со КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, што претставува уште еден значаен чекор за развојот на локалната културна сцена.
Повеќе детали за претставата се очекуваат наскоро.






