14/06/2026

Можно враќање на зимата по 17 март: Ладен бран се спушта кон Балканот, можен снег и на пониски места

weather station 5580 1280

Според последното ажурирање на прогностичките материјали, од вторник (17 март) 2026 година се очекува можност за спуштање на ладен бран од север кон Балканот, а со тоа и кон Македонија.

Во ваква синоптичка ситуација можно е повторно враќање на пониски, речиси зимски температури, како и појава на снег, особено на планинските и повисоките места. Исто така, постои можност и за појава на утрински мразеви.

Според моменталните прогнози, од и по 17 март (вторник) можно е појава на снег и на места со пониска надморска височина, односно под 1000 метри.

Метеоролошката состојба внимателно се следи, а повеќе и подетални информации околу ова можно сценарио се очекуваат во наредните метео објави.